Првиот модел од серијата Mercedes Mythos ќе пристигне следната година

Уште во 2022 година, Mercedes-Benz ја објави серијата Mythos на „високо ексклузивни колекционерски автомобили“ како дел од нејзиниот обид да ја зголеми продажбата на возила од високата класа…

Со тоа производителот на премиум возила со стилизирана сребрена ѕвезда во логото  потврди дека Mythos ќе произведува специјални возила во мали количини за „нај посветените Mercedes-Benz ентузијасти и колекционери,

Mythos всушност ќе се позиционира над Maybach во однос на портфолиото на брендови на Mercedes. Како што сега откри извршниот директор на Mercedes Benz, Ола Келениус (Ola Källenius), првиот од моделите од серијата Mythys ќе пристигне во 2025 година, но без да даде детали.

Сепак, една тизер слика од 2022 година сугерира дека првиот автомобил на Mythos ќе биде Speedster со отворен покрив базиран на новиот Mercedes-AMG SL.

Калениус истакнува: „Повеќето луксузни компании го градат своето портфолио врз основа на една или две вистински икони. Mercedes-Benz е среќен што има неколку иконски производи и брендови на врвот од своето портфолио, како што се S-Class, SL, G-Class, како и брендовите AMG и Maybach. „Гледаме голем потенцијал овде да го прошириме нашето премиум портфолио со уште поve’e фасцинантни производи за нашите клиенти.

Фокусирајќи се на своите најлуксузни и највисока маржа производи, Mercedes има за цел да „испорача силен финансиски резултат дури и под попредизвикувачки пазарни услови“.





НАЈНОВИ