Seat Ibiza Anniversary Limited Edition

Seat ја прославува 40-годишнината од моделот Ibiza со специјално Ibiza Anniversary Limited Edition..

Автомобилот ќе биде достапен во првиот квартал на тековната 2024 година, со неколку специјални детали и побогата опрема.

Пред сè, тука е ексклузивната Graphene Grey боја, 18-инчни алуминиумски тркала во Cosmo Grey и логото „Anniversary Limited Edition“ на столбот В.

Во внатрешноста има нови седишта, во комбинација со темни алуминиумски мат детали и годишнини натписи на внатрешните прагови на вратите.

Во однос на моторот се споменува трицилиндричниот бензинец 1.0 TSI, кој во најмоќната форма има до 81 kW/110 КС.

Seat не објави колку примероци од Ibiza Anniversary Limited Edition се планирани за европските пазари, а деталните спецификации и цени ќе бидат објавени наскоро.

Од претставувањето на првата генерација во 1984 година, Seat продаде повеќе од 6 милиони примероци на Ibiza. Сегашната, петта генерација на Ibiza дебитираше во 2017 година и доби суптилен фејслифтинг во 2021 година.





НАЈНОВИ