Силната и комплементарна стратегија на трите брендови одговорна за силниот раст на Групацијата во 2023 година.

  • Групацијата Renault забележа силен раст на продажбата ширум светот: +9% во споредба со 2022 година, со вкупно продадени 2.235.345 возила во текот на годината. Успешната динамика на Групацијата ја потврдија три клучни брендови кои забележаа значителен раст.

– Во 2023 година, брендот Renault продаде 1.548.748 возила ширум светот, забележувајќи раст од 9,4%. Renault, најпродаваниот француски автомобилски бренд во светот, доживува извонреден раст и натпросечен пазарен напредок во Европа: +19,3% во споредба со 2022 година.

– Во 2023 година, марката Dacia продаде 658.321 возила ширум светот, постигнувајќи раст од 14,7%. Успехот на Dacia е резултат на силниот нов идентитет заснован на четири клучни модели кои во споредба со резултатите од 2022 година бележат се поголем успех.

– Марката Alpine продаде 4.328 возила и забележа раст од 22,1%.

  • Производната офанзива на Групацијата резултираше со зголемување на пазарниот удел во Европа: раст на продажбата од 18,6% на пазар кој порасна за 13,9%.

– Благодарение на три силни и комплементарни брендови, насочени кон создавање вредност, Групацијата Renault го зазеде третото место на европскиот пазар на автомобили.

  • Во согласност со комерцијалната политика насочена кон создавање вредност, продажбата на Групацијата на пазарот на приватни клиенти сочинува 65% од вкупната продажба на петте главни пазари во Европа.
  • Групацијата Renault ја продолжува својата офанзива за електрификација. Земајќи ги предвид потребите на клиентите, Групацијата донесе рентабилни технолошки одлуки и сега прави максимални напори да го забрза патот кон енергетската транзиција.

– Renault забележува зголемена побарувачка за електрифицирани модели, и хибридни и 100% електрични. Офанзивата на брендот оди чекор понатаму! Благодарение на успехот на Megane E-Tech electric, кој постигна пазарен удел од 2,2 отсто во сегментот на електрични возила и успехот на хибридните модели чија побарувачка рапидно расте (Austral, Clio и Captur припаѓаат на групата 10 најдобри- продавајќи хибридни возила во Европа), Renault успешно го зазеде третото место на европскиот пазар на електрифицирани возила.

– Dacia Jogger HYBRID 140 се продава од јануари 2023 година и сочинува повеќе од 25% од нарачките на Jogger. 100% електричниот автомобил Dacia Spring останува меѓу трите најпродавани електрични возила на европскиот пазар за приватни клиенти.

  • Бројот на групни нарачки во Европа на крајот на декември 2023 година претставува 2,5 месеци проектирана продажба.
  • Во 2024 година очекуваме серија комерцијални презентации, односно десет нови модели, клучни за успехот на Групацијата.

Марка Renault

Светот

Во споредба со минатата година, Renault оствари солиден раст на продажбата од 9,4% (1.548.748 продадени возила). Renault е најпродаваниот француски автомобилски бренд во светот, горд на својата меѓународна репутација.

Renault продолжува да бележи натпросечен напредок на глобалниот пазар на LGV, потврдувајќи раст од 19,9% на пазар кој порасна за 10,4%.

Еден од најважните моменти за Renault во 2023 година беше претставувањето на меѓународниот стратешки план за 2027 година, кој преку воведувањето на осум нови модели во периодот од 2023 до 2027 година треба да обезбеди идниот раст на марката на пазарите надвор од Европа. Во 2023 година, брендот надвор од Европа се развиваше главно во Бразил, Турција и Мароко.

Европа

Особено силна активност е забележана во Европа, каде што брендот оствари голем раст од 19,3% со вкупно 977.635 регистрирани возила. Renault забележа натпросечен напредок на европскиот пазар, кој порасна за 13,9%, постигна добар пазарен удел и се пресели од петтата на втората најпродавана марка на европскиот пазар за патнички автомобили и LGV – сето тоа додека продолжува да го спроведува комерцијална политика насочена кон создавање вредност преку продажба на секој друг автомобил на приватни купувачи.

Раст на продажбата првенствено е забележан во Шпанија (+30%), Италија (+37%) и Велика Британија (+51%).

На домашниот француски пазар, Renault уште еднаш ја потврди својата водечка позиција на пазарот на патнички автомобили (277.914 продадени возила, што е пораст од 18%) и LGV (112.569 продадени возила, што е зголемување од 13%). Clio, најпопуларниот автомобил во Франција, стана најпродаваниот модел во 2023 година со 111.741 регистрации забележани на сите продажни канали. Со вкупно 219.365 продадени единици, Clio е трет најпродаван автомобил во Европа.

Renault е вистински европски лидер и на пазарот на LGV, забележувајќи раст од 25,7 проценти на пазар кој порасна за 15,3 проценти. Kangoo/Express (+32,4%) и Master (+14,5%) се водечки модели во сегментот.

Комерцијална политика насочена кон создавање вредност и стекнување пазарни удели

Во согласност со сопствената стратегија за создавање вредност, Renault ја забрзува својата офанзива во C-сегментот и повисоките сегменти (+26%) во Европа.

– Марката забележа раст на продажбата од 26% во сегментот C и повисоките сегменти во Европа во споредба со 2022 година, пред се благодарение на успесите на Mégane Conquest, Austral, Espace E-Tech Hybrid и Megane E-Tech electric.

– Продажната мешавина и продажните канали исто така покажуваат успех: Renault оствари повеќе од половина од продажбата во пет клучни земји на пазарот на приватни купувачи што создава вредност. Понатаму, најдобро опремените верзии како што е Esprit Alpine особено привлекоа клиенти: 51% од продажбата во Austral и 44% од продажбата на Espace E-Tech Hybrid беа за верзијата Esprit Alpine.

Електрификација: бренд стратегија за освојување на европскиот пазар

Renault ја продолжува својата офанзива за електрификација (хибридни и 100% електрични возила). Марката ја потврди својата релевантност и подготвеност да ги исполни очекувањата на клиентите преку важни технолошки одлуки, со портфолиото на 100% електрични возила и портфолиото на хибридни возила кои помагаат да се забрза патот кон енергетската транзиција. Благодарение на ова, Renault жнееше свој напредок: за една година оствари раст на продажбата од 19,7% (270.362 продадени возила) и го зазеде третото место на европскиот пазар за електрифицирани патнички возила. Продажбата на електрифицирани возила сега сочинува 39,7% од продажбата на патнички возила на Renault.

Тој тренд дополнително беше зајакнат со растот на продажбата на хибридни возила од 62 отсто (вкупно продадени 185.666 возила). Austral, Clio и Captur се меѓу десетте најпродавани хибридни модели во Европа.

Megane E-Tech electric, претставен во средината на 2022 година, ја промени позицијата на брендот на пазарот на 100% електрични автомобили и привлече нови клиенти (стапката на прилив на нови клиенти во споредба со конкурентите е повеќе од 50% во Европа). Megane E-Tech electric беше продаден во 47.504 примероци во 2023 година и на тој начин се најде меѓу трите најпродавани возила во својата категорија во Европа.

Во 2024 година, портфолиото на 100% електрични возила на Рено ќе стане побогато со електричните Scenic E-Tech и електричните Renault 5 E-Tech.

2024: историска година за Renault во однос на продажните презентации

2024 година ќе биде историска година за Рено, бидејќи ја очекуваме презентацијата на седум нови возила:

  • Од 100% електрични возила, ќе бидат претставени Scenic E-Tech електричните со досег од повеќе од 600 km (WLTP) и Renault 5 E-tech electric – целосно електрична поп икона.
  • Два хибридни модели, вклучувајќи го и Rafale E-Tech, ќе бидат претставени и во Европа.
  • Нов Renault Master (во верзии со термо мотор и 100% електричен мотор)
  • Надвор од Европа ќе бидат претставени две нови возила: Kardian и Renault Korea Motors. Во 2024 година Renault ќе продолжи да го спроведува меѓународниот стратешки план за 2027. По Бразил и Турција во 2023 година, оваа година ќе биде обележана со имплементација на стратешкиот план во Мароко и Јужна Кореја.

Марка Dacia

Растечки успех во Европа

Дачија продаде 562.890 возила во Европа. Сè поуспешниот бренд постигна раст од 17,4 проценти на пазар кој порасна за 13,9 проценти. Dacia напредуваше за четири места и сега го зазема 11-тото место на европскиот пазар на патнички возила и LGV. На европскиот пазар за патнички возила, Dacia стана една од десетте најпродавани марки.

Постигнатите резултати тој ги должи на новиот силен идентитет сконцентриран на „едноставно опремени, кул, робусни, достапни и еколошки возила“. Новиот идентитет се заснова на четири клучни модели кои, во споредба со резултатите од 2022 година, забележуваат сè поголем успех.

Рекордни пазарни удели на брендот во Европа

Daciа постигна рекорден удел на пазарот преку успешна продажба.

  • 3,8% (+0,1 процентен поен во однос на 2022 година) на пазарот на патнички возила и LKV
  • 4,3% (+0,1 процентен поен во однос на 2022 година) на пазарот на патнички возила
  • 8,3% (+0,7 процентни поени) на пазарот на патнички возила за приватни клиенти. Dacia го зазеде второто место на европскиот пазар на приватни клиенти, инаку клучниот пазар на брендот.

Резултати поттикнати од силниот нов идентитет на брендот

Успешните резултати се должат на силниот нов бренд идентитет заснован на четири клучни модели. Дека Dacia ја сакаат сите категории клиенти, потврдува и најголемиот прилив на нови клиенти и растот на бројот на задржани клиенти на пазарот.

  • Минатата година во светот се продадени 269.899 возила Sandero, 17,6% повеќе од 2022. Така, Sandero уште еднаш ја зацврсти својата позиција на најпродаван автомобил на пазарот на приватни купувачи во Европа, во кој ужива од 2017 година.
  • Со 200.633 продадени примероци ширум светот, Dacia Duster забележа раст од 1,7% во споредба со 2022 година и повторно беше меѓу трите најпродавани теренци на европскиот пазар за приватни купувачи.
  • Dacia Jogger е продаден во 94.095 единици ширум светот, што е раст од 65,6% во споредба со 2022 година. Jogger е најпродаваниот модел на пазарот на приватни клиенти од C-сегментот, без SUV
  • Dacia Spring е продадена во 61.803 примероци во светот, а растот од 26,4% во однос на 2022 година и го донесе статусот на трето најпродавано електрично возило на европскиот пазар на приватни купувачи.

 

2024: две нови возила на пазарот

Dacia оваа година претставува две нови возила:

  • новиот Dacia Duster, чија продажба ќе започне во март 2024 година.
  • новиот, 100% електричен и целосно редизајниран Dacia Spring, кој излегува во продажба ова лето.

На крајот на годината, марката ќе го претстави новото возило од C сегментот, Bigster.

Преглед на пазарот за 2024 година

Во 2024 година се очекува стабилност на автомобилските пазари и во Европа и Латинска Америка, додека во Евроазија се очекува пад на пазарот за 11%

Продажба Renault Group во Светото по марки

  1.                                                       2022.           %      разлика

Renault                                      

Персонални возила                  1.156.895     1.088.577     6,3 %

Лесни комерцијални                 391.853        326.686        19.9 %

Вкупна продажба – Renault       1.548.748     1.415.263     9,4 %

 

Dacia                               

Персонални возила                  652.580        569.406        14,6 %

Лесни комерцијални                 5.741  4.667  23,0 %

Вкупна продажба – Dacia          658.321        574.073        14,7 %

 

Renault Korea Motors                         

Персонални возила                  21.980          51.083          -57,0 %

 

Alpine                                        

Персонални возила                  4.328               3.546          22,1 %

 

Jinbei&Huasong                        

Персонални возила                  0                            4          -100,0 %

Лесни комерцијални ila             0                        106          -100,0 %

Вкупна продажба  – Jinbei&Huasong  0        110             -100,0 %

 

Eveasy                                        

Персонални возила                               1.963  6.987           -71,9 %

 

Mobilize                                     

Персонални возила                                5               75

 

Renault Grupa                                                1       719

Персонални возила                  1.837.751             678       6,9 %

Лесни комерцијални                    397.594     331.459                 20,0 %

Вкуп. продажба Renault Grоup   2.235.345    2.051.137                9,0 %

 

15 Најголеми пазари на Renault Group

2023                      Пазарен удел (%)

1     Франција                        551.373                                 25,6

2      Италијс                            187.249                                 10,6

3        Турција                              176.983                                 14,4

4        Германија                          156.729                                   5,0

5        Шпаниа и Ланарски о.  134.398                                 12,3

6        Бразил                               126.206                                   5,8

7        В. Британија                     102.980                                   4,6

8        Белгија и Луксембург      62.771                                 10,5

9        Романија                               61.445                                 38,1

10      Мароко                                60.290                                 37,3

11      Аргентина                             51.790                                 12,2

12      Полска                                 49.557                                   9,2

13      IИндија                                48.321                                   1,0

14      Мексико                               43.779                                   3,2

15      Холандија                             39.688                                   9,0

 

PR Tekst





НАЈНОВИ