Рели Дакар 2024 – деветта етапа за Леб,

Како и да е водството во генералниот пласман сепак му припаѓа на Карлос Саинз возач во Аudi…

Деветтата етапа на релито Дакар 2024 година се возеше од Хаил до Алул и беше долга 639 километри. Себастиен Леб (Sebastien Loeb) и неговиот совозач Фабијан Луркин (Fabian Lurquin) беа најбрзи и успеаја да ја намалат предноста на водечката фабричка екипа на Audi, составена од Карлос Саинц (Carlos Sainz) и Лукас Круз (Lucas Cruz), за ​​четири минути. Очигледно,

Саинц моментално го контролира релито и вози толку брзо колку што е потребно за да го задржи Леб зад себе на безбедно растојание. Има уште две етапи и третата, последната, каде што ретко се случуваат големи пресврти, иако има уште многу километри и замки до последната цел. На денешната деветта етапа одличен резултат со третото место постигна Французинот Матје Серадори (Mathieu Serradori) кој го вози CR6-T за тимот на Century Racing.

Генерален пласман на релито Дакар 2024 година по 9-та етапа во конкуренција на возачи

Поз. Бр.зем. Возач/совозач Тим                              време         заост      казни

1    204 (esp) Carlos Sainz  Team Audi Sportт          37h 50′ 57”  00h 00′ 10

(esp) Lucas Cruz

2    203 (fra) Sebastien Loeb Bahrain Raid Xtreme   38h 11′ 30” + 00h 20′ 33”                       (bel) Fabian Lurqin                                                                    00h 15′ 00”

 

3   206 (bra) Lucas Moreas

(esp) Armand Monleon Toyota Gazoo Racing 39h 02′ 59”   + 01h 12′ 02”     ”

Во конкуренција на мотоциклисти, победата на 9-та етапа му припадна на Адриен ван Беверен (Adrien van Beveren), фабричкиот возач на тимот на Hondа, кој беше 42 секунди побрз од неговиот тимски колега Рики Брабек (Ricky Brabec), додека возачот на Hondа, Пабло Кинтанила (Pablo Quintanila), исто така заврши трет, но co 4′: 29“ заостаток. Во генералниот пласман на мотоциклисти, Брабец е во водство, кој сега е значително повеќе од седум минути пред Рос Бранч (Ross Brunch(. Бранч, возачот на Hero Team до денешната етапа, беше во конкуренција за победа на Дакар, но на целта стигна петти, но седум минути зад лидерот Брабец.

Од друга страна, со денешната втора победа на овогодинешното рели Дакар, ван Беверен го намали заостатокот зад Брабец на 11 минути на три етапи пред крајот, па се врати во конкуренција за последниот подиум, па дури и победа.

Генерален пласман на релито Дакар 2024 година по 9-та етапа во конкуренција на мотоциклисти

Поз. бр.  возачот                          тим                                    време      заостанато

1 42 (fra) Adrien van Beveren Monster Energy Honda Team 04h 36′ 46”

2 9 (usa) Ricky Brabec Monster Energy Honda Team   04h 37′ 18”       + 00h 00′ 32”

3 7 (chl) Pablo Quintanilla Monster Energy Honda Team   04h 41′ 05” + 00h 04′ 19”

Во сеќавање

Организаторот на Дакар 2024 објави дека релито однело уште еден живот. Шпанскиот мотоциклист Чарлс Фалкон (Charles Falcon) кој доживеа несреќа на втората етапа од релито, почина како последица на падот што го имаше. Иако колегите мотоциклисти застанале да му помогнат, а набрзо пристигнала и медицинска екипа, Фелон имал сериозни повреди. Фрактура на C2 цервикален пршлен и повреда на главата. Лекарскиот тим успеал да му го поврати работењето на срцето на лице место, но повредите на мозокот биле преголеми поради кардио-респираторен застој, па тој починал по шест дена во болница. Секогаш весел и насмеан, по образование Фалкон (45 години) беше IТ инженер и голем ентузијаст за мотоцикли, кој го имаше своето деби на Дакар во 2022 година, кога заврши на 68-то место во генералниот пласман, односно на 16-то место во класата без помош од тим.





НАЈНОВИ