Tesla Cybertruck Police

Полицискиот Tesla Cybertruck го изгради UP.FIT со седиште во Калифорнија, специјалист за опремување возила на Tesla за употреба во флоти…

Меѓу другото, UP.FIT го модифицираше ентериерот за различни намени, со посебно место за чување оружје, дури и за полициски кучиња.

Дополнителните опции за прилагодување вклучуваат пакети на тркала и на гуми, потоа со посилни сопирачки, па дури и некои додатоци за теренски (off-road) патишта, кои веројатно вклучуваат дополнителна заштита на подвозјето.

UP.FIT не потврди никакви технички промени, така што пакетот може да се примени на една од многуте комбинации на погонски единици на Tesla Cybertruck.

Bespoke images created for Unplugged Performance and/or BulletProof Automotive

„Воодушевени сме од повратните информации од полициските станици кои учествуваа во нашиот развој на Cybertruck“, рече извршниот директор на UP.FIT Бен Шафер (Ben Shaffer).

„Со нетрпение очекуваме да ги распоредиме овие возила на агенциите за спроведување на законот низ целата земја оваа година, доддаде на крајот извршниот директор.





НАЈНОВИ