Tesla и Volvo прават паузира на производството

Причината се проблемите во синџирот на снабдување со делови и компоненти поради војната на Блискиот исток и затворањето на Црвеното море…

Tesla и Volvo привремено го прекинаа производството во некои од нивните европски фабрики поради проблеми со снабдувањето кои произлегуваат од нападите на Црвеното Море.

Производителите на автомобили се потпираат на нај прометната сообраќајница во светот за компоненти од азиско производство, особено за електрични возила.

Бродовите кои ја користат нај прометната поморска трговска рута во светот се на мета на Хутите, јавуваат меѓународните медиуми.

Хутите, поддржани од Иран и сојузниците на групата Хамас во Газа, контролираат голем дел од Јемен, низ кој бродовите мора да поминат за да го користат виталниот и фреквентен Суецки канал. Како резултат на тоа, транспортните фирми ги запреа пратките низ тој трговски пат, или пак ги пренасочуват бродовите илјадници милји околу Африка или целосно запирајќи ги, што доведува до сериозни одложувања во временските рокови за производство.

 





НАЈНОВИ