Велика Британија произведе повеќе од милион возила во минатата 2023 година.
Според Здружението на производители и трговци во оваа островска земја (SMMT), биле произведени над 905.000 автомобили, како и повеќе од 120.000 единици на комерцијални возила.
Ова претставува импресивно зголемување што изразено во проценти изнесува 17 %, споредено со бројките што се постигнати една година пред тоа (односно, од 2022 година) .
Трговското тело рече дека предизвиците што ги носи пандемијата и глобалниот недостиг на чипови се олеснети.
Оваа позитивност, заедно со 23,7 милијарди британски фунти инвестиција за електрификација, помогна да се поттикне растот, да се создадат работни места низ целата земја и да се зголемат капацитетите за производството на електрични возила.
Производството на електрични возила учествува со дури 38,3 отсто од вкупното производство.
Од СММТ исто така истакнуваат дека пазарите во Европа и натаму е најголем купувач на возила што потекнуваат од Велика Британија, со 60,3 отсто од извозот.
Интересен е и податокот што го пласира оваа асоцијација а тоа е дека Турција стана четврти по големина клиент на производителите од В. Британија, со раст на извозот од 223,8 отсто.