Уникатен Caterham Seven 360R

Класичниот Caterham Seven и хеликоптерот што го користат Кралските воздухопловни сили на Велика Британија (Royal Air Force -RAF ) имаат малку заедничко…

Додека е лесен, соголен спортски автомобил дизајниран за максимално уживање, хеликоптерот Puma HC2 за првпат беше развиен за француската војска во средината на 1960-тите и служеше во војни ширум светот.

Иако овие две форми на транспорт се многу различни, тие беа споени со заеднички проект помеѓу RAF и Caterham, што резултираше со уникатниот модел Seven 360R кој користи делови од деактивиран хеликоптер.

Специјалниот Caterham е обоен во NATO Green (зелено) за да одговара на Puma HC2 што го инспирирала.

Посебно интересна карактеристика на автомобилот е тоа што за овој 360R се користеше алуминиум од Puma.

Посебните детали продолжуваат во кабината. Звучна изолација од хеликоптерот беше користена на панелите на вратите, горниот дел од тунелот и навлаките на седиштата од карбонски влакна.

Caterham, исто така, ги отфрли оригиналните прекинувачи на автомобилот во корист на контролната табла што го имитира кокпитот на Puma. Има дури и часовник за навигација од хеликоптер и ја има истата секвенца на палење во три фази.

Seven 360R е придвижуван од 2.0-литарски атмосферски Ford Duratec мотор со моќност од 180 КС и 194 Nm максимален вртежен момент, доволно за максимална брзина од 209 km/h.

Автомобилот тежи само 565 килограми и има 13-инчни тркала со Toyo R888R гуми.

Овој уникатен 360R ќе биде продаден на аукција од Collecting Cars и се очекува да достигне цена од повеќе од 100.000 британски фунти односно пресметано во европска валута -118.200 евра..





НАЈНОВИ