
Германскиот производител Volkswagen го најави проширувањето на понудата за својот најмал електричен компактен SUV, моделот ID. Cross, со нова, поспортска опрема R-Line, која наскоро се очекува во конфигураторот.
Основна изведба со опсег до 314 км
Основната изведба на ID. Cross R-Line доаѓа со електромотор од 99 kW (135 КС) и батерија со капацитет од 37 kWh, што овозможува опсег до 314 километри според WLTP стандардот.
Веќе во стандардната опрема возилото нуди R-Line дизајн на браниците, вертикални дневни светла, 19-инчни алуминиумски тркала, затемнети куќишта на ретровизорите и спортски комфорни седишта. Тука се и интерактивното осветлување ID. Light, системот Keyless Access, IQ.LIGHT LED матрични фарови, камера за возење наназад и адаптивен темпомат (ACC).
Посилна изведба пристигнува во март
На пролет пристигнува и посилната, врвна изведба со електромотор од 166 kW (226 КС) и батерија од 52 kWh, која овозможува опсег до 428 километри. Овој модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,9 секунди и постигнува максимална брзина од 175 км/ч. Предпродажбата на оваа верзија започнува во втората половина на март 2027 година.
Посилната верзија ја одликува и поголема цврстина на подвозјето, електронски управувана предна блокада на диференцијалот, адаптивно потпирање DCC (спуштено за 15 mm) и прогресивно управување. Овие системи, заедно со системот за управување со динамиката на возење, обезбедуваат поголема агилност, стабилност и тракција.
Исклучиво за оваа изведба достапен е и новиот профил за возење Traction, наменет за лизгави или променливи услови на патот, особено за влажни и зимски услови.
Практичност во фокус
Покрај спортскиот карактер, ID. Cross R-Line нуди и практичност за секојдневна употреба: багажник од 475 литри, дополнителни 25 литри во предниот багажник („frunk“), како и можност за влечење приколка до 1.200 килограми кај верзиите со батерија од 52 kWh.