Volkswagen ID.7 постигна најдобри резултати во историјата на ADAC

Електричниот предводник на Volkswagen ја доби најдобрата оцена на престижниот тест ADAC…

Имено Volkswagen ID.7 стана првиот автомобил досега кој постигна просечна оценка од 1,5 и вкупна оцена „многу добро“ на независниот тест спроведен од инженерите на најголемиот автомобилски клуб на Стариот континент (Европа).

Секоја година, експертите од Allgemeiner Deutscher Automobil-Club e.V (ADAC) ставаат околу 100 возила под микроскоп, ппименувајќи повеќе од 350 критериуми во седум главни категории. Volkswagen ID.7 доби највисоки оценки во категориите „мотор/погон“ (1,0), „безбедност“ (1,1), „екологија“ (1,2) и „удобност“ (1,5).

Електричниот седан од Волфсбург импресионираше и во другите категории кои придонесоа за вкупниот резултат. На пример, во областа на возни карактеристики, автомобилот беше оценет како „добар“ (2.1), како и во случајот со каросеријата и багажникот (2.3) и внатрешноста (2.4).

Бидејќи категориите на еколошки атрибути и безбедност имаат најголема тежина, вкупниот резултат ID.7 беше историски 1,5, што е дефиниција за „многу добро“. Кај Гриниќ (Kay Greenwich), член на управниот одбор одговорен за технички развој во Volkswagen, рече: „Многу сме горди и воодушевени од овој фантастичен резултат.

Тестирањето на возила спроведено од ADAC е исклучително важно и високо ценето во однос на статусот на организацијата како независно тело. Во овој поглед, уверен сум дека оваа евалуација може да игра улога во убедувањето на голем број потенцијални клиенти да се одлучат за нашиот чист електричен седан“.

Тестираното возило беше Volkswagen ID.7 Pro со моќ од 286 КС. Посебно импресионираше со високата енергетска ефикасност, со потрошувачка од само 18,1 kWh/100 km во комбинираниот циклус на ADAC Ecotest, што го смести меѓу нај економичните модели во сегментот D.

Соодветно на тоа, тој доби оценка од одличните 0,7 во поткатегоријата „потрошувачка/CO2“, што резултираше со пет ѕвездички на Ecotest, кој е составен дел од тестирањето на возилата на ADAC повеќе од 20 години. Единствена подобра оценка е добиена во поткатегоријата „активна безбедност – системи за помош“ – 0,6.  Последно, но не и најмалку важно, со почетна цена од 53.995 евра, со што ID.7 Pro е поевтин од претходно најдобро рангираните модели од конкурентските брендови.

Martin Meiners

„За нас, одлично е што можеме да видиме дека безбедноста, ефикасноста и удобноста не се само прашање на цена“, вели Дино Силвестро (Dino Silvestro), раководител за тестирање возила во Технолошкиот центар ADAC во Ландсберг, Лех. „Благодарение на нашите сеопфатни методи на тестирање во комбинација со современи лаборатории за тестирање, нашето тестирање на возила е еден од нај сеопфатните тестови на ADAC во однос на заштитата на потрошувачите и овозможува споредување на сите резултати без ограничувања, без оглед на категоријата и цената на возилото.

 





НАЈНОВИ