Home Занимливости Зошто брзиномерите во автомобилите покажуваат погрешни бројки?

Зошто брзиномерите во автомобилите покажуваат погрешни бројки?

0
Зошто брзиномерите во автомобилите покажуваат погрешни бројки?

Веројатно нема возач кој нема барем една апликација за мерење брзина на својот паметен телефон…

Во морето на вакви апликации, возачите најчесто користат Google Maps бидејќи е функционален и нуди многу квалитетни информации како што се локациите на полициските радари, сообраќајни незгоди, ограничувања на брзината и така натаму.

Меѓу тие информации е и брзината со која патувате. Но, ако некогаш сте ја споредиле брзината од таква апликација и брзината напишана на брзиномерот на автомобилот, сте забележале дека тие често не се совпаѓаат.

За да се усогласат со меѓународните стандарди прифатени и во Европа, брзиномерите во автомобил не смеат да покажуваат брзина помала од вистинската, информираат новинските агенции.

Брзиномерите можат да покажат брзина и до десет проценти поголема, но никогаш не смеат да покажуваат помала брзина од реалната.

Бидејќи брзиномерите обично покажуваат поголема брзина, ова е главната причина зошто има разлика помеѓу брзината што ја прикажува автомобилот и онаа што се прикажува на апликациите за навигација.

Од друга страна, апликациите ја пресметуваат брзината користејќи GPS систем кој ја следи локацијата на возилото.

Затоа, брзината прикажана во апликациите обезбедени од сателитската навигација е многу попрецизна од онаа прикажана на брзинометарот на автомобилот.