Cadillac не се откажа од идејата за супер автомобил или дури и за хипер автомобил…

Шефот за дизајн на GM отворено призна дека е ентузијаст за идејата за таков модел.

Во интервју за австралиското списание Carsales, Мајкл Симко (Michael Simcoe) рече: „Можеме ли да изградиме хиперавтомобил? Да. Дали сакаме да изградиме еден? Да. Дали го градиме? Тоа би било премногу откривање“.

Тој додаде дека таквиот модел не мора да биде целосно електричен, но не го исклучува тоа.

Одржувањето на верзиа со мотор на внатрешно согорување во живот би било логично со оглед на тоа што тркачкиот автомобил V-Series.R има V8 погонска единица. Покрај тоа, Formula 1 амбициите на брендот со Андрети (Andretti F1 Team) подразбираат V6.

Хипер автомобил со брендот Cadillac не би била толку необична идеја ако се земе предвид дека постојат концептни автомобили таму. Не само Cien со V12 погон од 2022 година, туку и Sixteen од 2003 година со својот V16 мотор.

Во друго интервју Симко наведува дека теренците (SUV/crossover моделите се „нужно зло“. Тој тврди дека „тие го зазеле пазарот бидејќи како што светот околу вас почнува да расте, така и вие сакате да бидете дел од него“. Сите останати седат повисоко во своите возила, мора и вие да го направите тоа. Тоа е удобно, рационално купување“.

И покрај бумот во продажбата на теренци, Cadillac останува посветен на седаните. Шефот за дизајн на GM рече дека новиот модел ќе биде лансиран „во одреден момент во иднина“ за да му се придружи на Celestiq.

Симко смета дека лимузините не само што се поубави и попријатни за возење од кросоверите, туку се и аеродинамички поефикасни.

Иако само CT4, CT5 и Celestiq се достапни во САД, Cadillac сè уште го продава CT6 во Кина, каде што некогаш традиционалниот стил на каросерија е сè уште успешен.

 





НАЈНОВИ