Несреќата се случила во Западен Ванкувер, Канада. На 25.03.2024 година околу 23.00 часот на местото на несреќата била повикана полиција каде било пронајдено уништено Lamborghini Huracan…
Автомобилот завршил во ендек, а од возачот немало трага. Кратката полициска истрага покажа дека во моментот на несреќата зад воланот бил 13-годишен тинејџер. Наводно сакал да се повози со еден од пријателите, во дождливи услови, ни помалку ни повеќе, пренесуваат специјализираните портали.
– Младиот човек и неговиот пријател решиле да се прошетаат, но возачот не можел да го контролира автомобилот во темница и дожд. Иако е причинета значителна материјална штета, благодарни сме што во судирот нема повредени.
Возачот е обвинет според Законот за моторни возила за брзо возење, возење без должно внимание, бегство од местото на несреќата и возење без дозвола, изјави полицискиот наредник Крис Бигланд (Chris Bigland).
И покрај погонот на четири тркала и целосната сила на активните безбедносни системи, се чини дека овој супер спортски автомобил, во комбинација со дождот, беше премногу за 13-годишникот да се справи со возилото и условите на патот.
Повторуваме, 13-годишник! Е тука се поставуваат некои етички и воспитни прашања, како што се: каде биле неговите родители и како го дозволиле сето ова, на кои засега не го знаеме одговорот.