Инцидентот во кој гледач беше повреден на само 200 метри од почетокот веќе на стартот ја разбранува атмосферата…
Мотоциклистите први без проблем ја започнаа својата кампања на Дакар на првата етапа која се возеше од Алул до Ал Хенкаја со поврзувачка делница од 192 километри и специјален тест од 463 километри. Сепак, стартот на возачите беше одложен откако возачот на тимо Hero, Лајонел Бауд (Lionel Baud), имал контакт со гледач кој бил повреден и со хеликоптер бил пренесен во болница. Покрај прекинот на стартот, имаше и целосна конфузија со тајмерите и редоследот на стартот, откако Бауд се врати на стартот.
Во конкуренција на возачи, победник на првата етапа е Белгиецот Жулиен де Мевиус (Guillaume de Mevius ) за Overdrive racing tim во Toyota Hilux, Карлос Саинц (Carlos Sainz) во Audi RS Q e-tron е втор со нешто повеќе од една минута заостанување, а трет е Ваидотас Зала (Vaidotas Zala ) од тимот на X-Raid Arjus со 10 минути заостанување.
Бранителот на титулата Насер Ал Атијах (Nasser Al Attiyah ) имаше проблематичен ден, кој заврши на 16. место во Проидрив Хантер (Proidrive Hunter), со 24 минути заостанување, како и Себастијан Леб (Sebastian Loeb) во истиот болид.
Поз. Бр возач/совозач Тим Време Заост.
1 221 (bel) Guillaume de Mevius Overdrive Rscing 04h 35′ 59” 2 204
(fra) Xavier Paniseri
2 204 (esp) Carlos Sainz Team Audi Sport 04h 37′ 43” + 00h 01′ 44”
(esp) Lucas Cruz
3 214 (ltu) Vaidotas Zala Arijus Team 04h 46′ 41” + 00h 10′ 42”
(prt) Paulo Fiuzax-Raid
Во конкуренција на мотоциклисти, победник на првата етапа на релито Дакар 2024 е Рос Бранч (Ross Branch) за Тим Heroј, ова е четврта етапна победа на возачот на Дакар во неговата кариера. Бранч успеа да победи и покрај тоа што застана како лидер за да му помогне на повредениот возач на Hondа, Тоша Шареини (Tosha Schareini), кој се повлече од Дакар 2024 поради скршено рамо. Второто место со повеќе од 10 минути заостанување му припадна на Рики Брабек (Ricky Brabec), фабрички возач на Honda, додека третото место на првата етапа на Дакар го освои Мејсон Клајн (Mason Klein) за Korr Offroad Racing, со 11 минути заостанување.
Поз. Бр. (нација) возач тим време заост.
1 46 (bwa) Ross Branch Hero Motosports Team Rally 04h 56′ 01”
2 9 (usa) Ricky Brabec Monstter Energy Honda Team 05h 06′ 55” + 00h10′ 54”
3 98(usa) Mason Klein Korr Offroad Racing 05h 07′ 20” + 00h11′ 19”