Како што објави Motor1, беше само прашање на време кога некој електричен хипер автомобил ќе го предизвика Rimac Nevera…
Помалку познатиот бренд сега го симна од тронот хрватскиот ѕвер. На 8 јуни, јапонскиот Aspark со новиот SP600 достигна максимална брзина 438,7 km/h со вградениот Racelogic V-Box (за 26,7 km/h подобар од Nevera).
Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до границите на АТР полигонот во Папенбург (Papenburg). Тоа е истата германска патека каде Nevera го постави претходниот рекорд за максимална брзина во 2022 година и 23 дополнителни рекорди една година подоцна.
Зад воланот на новиот крал на брзината на ЕV беше Марк Басенг (Marc Basseng), 45-годишен Германец, кој исто така постави рекорд во круг на Нирбургринг (Nirburgring) во 2010 година со Pagani Zonda R.
Детали за автомобилот не се откриени, но SP600 е опишан како ново развиено возило, наместо како варијација на претходниот модел Owl (последниот има четири електрични мотори со 1480 kW/2012 КС).
Опишан е како прототип подготвен за производство и е опремен со гуми Bridgestone Potenza Race. Отсуството на странични ретровизори поради поголема брзина со намалување на отпорот јасно укажува дека тоа не е патно легално возило.
M.A.T. го дизајнираше и го изгради автомобилот во Торино, каде што беше подложен на виртуелни и физички тестови, како и на аеро-оптимизација во тунелот за ветер (aerotunel).