Mini Countryman D

Новиот Mini Countryman не само ѓто не се откажува од мотори со внатрешно согорување, дури и сè уште има дизел мотор во својата гама…

Најновиот Countryman D го користи истиот мотор на BMW B47 што оди во механички поврзаните модели X1 и X2. Станува збор за 2,0-литарски благ (mild) хибрид со четири цилиндри со  моќ од 120 kW/163 КС, кој му овозможува на Countryman D  сосема солидни перформанси: односно да забрза од 0 до 100 km/h за 8,5 секунди.

Mini тврди дека потрошувачката на гориво во комбиниран циклус е само 4,6 литри на 100 километри.

Меѓу другото, автомобилот може да се нарача во Midnight Black боја и со 18-инчни Asteroid Spoke тркала во Vibrant Silver боја (достапни се и тркала од 19 или 20 инчи).

Инаку, Countryman е нормално долг 4433 mm, широк 1843 mm и висок 1656 mm.

Но, овој пат, благодарение на растојанието помеѓу оските кое изнесува 2692 mm, удобноста е дополнително зголемена, во споредба со неговиот претходник.





НАЈНОВИ