100.000 нарачки за Jeep Avenger во Европа

Според информациите на Jeep, нивниот помал SUV модел Avenger веќе се покажа како продажен хит на оваа компанија на пазарите ширум Стариот континент…

Поточно, Avenger надмина 100.000 нарачки до средината на оваа 2024 година. Имено, Jeep продаде над 60.000 примероци од Avenger за една година, додека годишната продажба на малку поголемиот и многу постар Jeep Renegade на Стариот континент се движеше помеѓу 49.287 и 78.842 примероци во зависност од годината.

Avenger беше лансиран на крајот на 2022 година, како прв целосно електричен модел на Jeep, базиран на основата на Stellantis.

Верзијата со погон на мотор со внатрешно согорување, со работен волумен од 1,2 литри, во конфигурација со три цилиндри, надграден со турбо полнач, што работи на бензин како гориво, првично беше лансирана во ограничени количини за одредени европски пазари, пред да стане широко достапна кон крајот на минатата 2023 година.

Блага (mild) хибридна верзија (e-Hybrid) со систем од 48 волти и истиот 1,2 литарски турбо мотор беше додадена на гамата на крајот на минатата 2023 година.

Конечно, предводникот на Jeep Avenger 4xe ќе биде достапен за нарачка од четвртиот квартал на тековната 2024 година.

Овој модел ќе користи помоќна благ хибриден поставка со два електрични мотори, заедно со погон на четири тркала.

Jeep не ги откри бројките за продажбата на Avenger според опциите за погон. Сепак, може да се заклучи дека верзиите на моторот на внатрешно согорување, најверојатно, ќе бидат популарни, со оглед на одлуката на брендот да ја прошири нивната достапност на повеќе пазари на глобално рамниште.

 





НАЈНОВИ