Nissan затвора голема фабрика за автомобили во Кина

Компанијата Nissan Motor објави дека ќе ја затвори својата фабрика за автомобили во градот Џиангсу (Jingsu) во источна Кина, јавува Anadolu…

Конкурентната трка на автомобилскиот пазар во Азија станува се поостра за производителите, што е резултат на зајакнувањето на обемот на продажба на кинески возила.

Јапонската агенција Kyodo јавува дека Nissan ќе ја затвори својата фабрика во градот Чангку во кинеската провинција Џиангцу (Changco)

Фабриката во која се произведува компактниот SUV модел „Qashqai“ во соработка со кинеската компанија Dongfeng Motor од вчера заврши со работа.

Се наведува дека фабриката, која има годишен производствен капацитет од 130.000 автомобили, сочинува приближно десет отсто од вкупниот обем на производство на јапонската компанија Nissan во Кина.

Според последните податоци, продажбата на нови возила на Nissan во Кина во мај е намалена за 2,8 отсто во однос на истиот месец од претходната 2023 година.





НАЈНОВИ