И Honda Motor ја затвора фабрика во Кина

Јапонската Honda Motor ќе затвори фабрика во Кина и ќе го запре производството на возила во уште една – друга фабрика, соопшти производителот на автомобили, бидејќи се обидува да започне со производство на повеќе електрични возила во услови на силна конкуренција од кинеските марки…

Honda Motor ќе ја затвори фабриката што ја работи преку заедничкото вложување (JV) со кинескиот државен производител на автомобили Гуангжу Аутомобиле Груп (Guangzhou Automobile Group) во октомври, изјави портпаролот на компанијата.

Honda Motor го произведува седан моделот Accord во фабрика која е отворена пред речиси две децении и има годишен производствен капацитет од 50.000 возила.

Honda Motor ќе го паузира производството во друга фабрика во Кина која работи преку посебно заедничко вложување со Dongfeng од ноември, рече портпаролот, додавајќи дека фабриката има годишен производствен капацитет од 240.000 возила.

Honda се обидува да го оптимизира своето производство во Кина со промените, додавајќи дека се соочува со тешки услови на кинескиот пазар на автомобили, најголемиот во светот.

Годишниот производствен капацитет на компанијата во Кина ќе се намали на 1,2 милиони возила од 1,49 милиони како резултат на исклучувањето, додаде претставникот на компанијата.

Honda планира да се врати на 1,44 милиони возила со започнување со производство во две фабрики за електрични возила што моментално ги гради преку своите заеднички вложувања со GAC и Dongfeng.

Компанијата планира да започне со производство во двете нови фабрики подоцна оваа година.

 





НАЈНОВИ