Јапонскиот Mitsubishi Motors ќе се приклучи на сојузот помеѓу Honda Motor и Nissan Motor, создавајќи јапонска автомобилска групација со вкупна продажба од повеќе од 8 милиони возила, објави во неделата деловниот дневен весник Nikkei…
Компанијата Mitsubishi Motors, кој, патем речено, е 34% во сопственост на Nissan, ќе соработува со Honda и Nissan за да ги финализираат деталите за нивното партнерств.
Тритеавтомобилски компании од земјата на Изгрејсонцето, имаат намера да го стандардизираат софтверот во возилото што ги контролира автомобилите, соопшти Nikkei.
Mitsubishi Motors одби да го коментира извештајот, додека претставниците на Nissan и на Honda не беа веднаш достапни за коментар, така што оваа информација е непотврдена.
Притисокот доаѓа откако Nissan, третиот по големина јапонски производител на автомобили, продолжува да губи удел на своите два најголеми пазари, САД и Кина, кои заедно сочинуваа половина од неговата глобална продажба во годината до март.
Во четвртокот минатата недела, фирмата ја намали својата годишна прогноза откако длабокиот попуст во САД речиси целосно ја збриша нејзината добивка во првиот квартал.
Соработката може да им помогне на јапонските производители на автомобили да ги намалат трошоците и да се зајакнат во борбата против тешката конкуренција во електричните возила, во која доминираат фирми како што се кинеските BYD и американската Tesla Motors.
Во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, јапонските брендови порано беа силни, но сега се соочуваат со домашни производители на автомобили кои брзо го зголемија производството и ги освоија потрошувачите со евтини возила со софтверски погон.
Nissan и Honda во март објавија дека размислуваат за стратешко партнерство за производство на компоненти за електрични возила, бидејќи се обидуваат да стекнат поголема основа на глобалниот пазар за автомобили на батерии, кој се очекува да расте во наредните години.