ZF планира масовни отпуштања

Добавувачот на автоделови ZF планира да укине илјадници работни места во наредните години…

Концернот сака да отпушти меѓу 11.000 и 14.000 луѓе во своите капацитети во Германија до крајот на 2028 година.

Во моментов се прецизира точната бројка на работниците кои ќе бидат отпуштени, како и каде во кои локации и погони ќе се случат предвидените отпуштања.

„Мислиме дека немаме друго решение“, изјавил еден од портпаролите на компанијата, а пренесува агенцијата DPA.

Како одговор на овој потег на работодавецот Главниот работнички совет на ZF најави отпор.

Ќе се бориме за секое работно место“, рече шефот на работничкиот совет Ахим Дитрих  (Achim Dietrich).

Многу работни места ќе бидат прекинати без взаемно раскинување на договорот за вработување, односно со отказ.

„Намалувањето треба да биде општествено прифатливо до степен до кој ZF ја користи демографската структура на вработените и прометот (на работниците)“, соопштуваат од компанијата.

Менаџментот на ZF планира да спои поединечни фабрики во единици со помалку вработени.

Инаку, во овој момент во погоните на ZF се вработени вкупно 54.000 луѓе низ цела Германија.

Дитрих рече дека најавата е причина за загриженост, бидејќи е потребен целосен ангажман за снабдување на клиентите, надминување на рецесијата и трансформација.

Компанијата е во долгови, а оваа пролет си постави строга програма за штедење.

Низ светот, 169.000 луѓе работат за ZF – на повеќе од 160 производствени локации во 31 земја.

Како дополнителен податок ќе наведеме дека минатата 2023 година компанијата оствари промет од 46,6 милијарди евра.





НАЈНОВИ