Maserati потврди дека ќе го претстави новиот „супер спортски автомобил“ на 16 август за време на настанот на неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week ) во Америка…
Засега нема многу детали, но се вели дека новитетот е всушност „еволуција на MC20“ и ќе го наследи духот на тркачкиот автомобил GT2. Затоа не изненадуваат отворите на предните браници и сплитерот од карбонски влакна, а тука се и сините клешти на сопирачките.
Исто така, се вели дека автомобилот ќе има „иновативни технолошки решенија“, како и „импресивни аеродинамични перформанси, типични за најбрзите и највозбудливите тркачки автомобили“.
Дополнително, новитетот е најавен како „уникатен автомобил со непогрешлива естетика, дефиниран со широк спектар на опции за прилагодување“.
Како што се очекуваше, автомобилот кој е легален за возење на отворени (јавни) патишта ќе има „детали типични за тркачки автомобил без да се жртвуваат удобноста и карактеристиките на моделите на патиштата“.
Додека чекаме детали, еве потсетуваме дека стандардниот MC20 има бензински агрегат со работен волумен од 3,0-литр, со twin –турбо технологија со конфигурација сочинета од шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 463 kW/630 КС и 730 Nm максимален вртежен момент. Погонската единица доаѓа во комбинација, со осум (8) степен менувач на брзини, со двојна спојка . Сето тоа е гарант за врвните перформанси на супер спортскиот автомобил со трозабецот на богот на морето – Нептун, во своето лого: Забрзување од 0 до 100 km /h за 2,9 секунди, додека пак максималната брзина изнесува 325 km/h.