Fiat Argo Endurance

Fiat им понуди на купувачите во Бразил нова верзија на малиот hatchback модел Argo, комбинирајќи необичен карактер со подигната суспензија и гуми за сите терени…

Новата верзија служи како директен ривал на Polo Robust на Volkswagen кој дебитираше претходно оваа година.

Endurance изгледа како поевтина верзија на Argo Trekking, без шините на покривот, светлата за магла и налепниците. Сепак, ја задржува пластичната облога околу лакови на тркалата и дел од заштитата на долниот дел од телото.

Новата верзија се вози на сет од 15-инчни тркала, со гуми за сите терени 205/60 R15. Исто така е малку повисок од стандардниот Argo, благодарение на суспензијата Arga Trekking.

 

Клиренсот ( оддалеченоста на најниската точка од подлогата) е 186 mm, што овозможува агол на приближување од 20,5º и агол на заминување од 33º, што го прави Argo посоодветен за лесно возење надвор од патот.

Моторот е 1,3-литарски Firefly Flex со моќност од 79 kW/107 КС и 134 Nm максимален вртежен момент. Погонската група „Flex“ може да работи и на бензин и на етанол. Моќта се пренесува на предните тркала исклучиво преку петстепен мануелен менувач.

Внатрешноста е прилично основна. Стандардната опрема е ограничена на 3,5-инчен екран на патниот компјутер на контролната табла, климатизација со филтер за полен, електрични предни прозорци, брави со далечински управувач и аларм против кражба. Опционалниот Comfort пакет додава седум (7)-инчен екран на допир, USB порта, светла за магла и паркинг сензори.

Argo Endurance моментално е достапен по намалена цена од (конвертирани) 13.015 евра, додека Argo Trekking започнува со цен од 15.615 евра со истата комбинација мотор/менувач.





НАЈНОВИ