
Чкрипењето на сопирачките често знае да биде непријатно, но тоа не секогаш значи дека постои дефект. До вибрации во чјното подрачје доаѓа кога плочките ги притискаат дисковите, а причините можат да бидат различни.
Кога чкрипењето НЕ Е причина за грижа?
-
Кратки звуци: Ако се јавуваат повремено, а автомобилот кочи нормално како и обично.
-
Влага и рѓа: По дождот, миењето на автомобилот или подолго стоење, на дисковите се создава тенок слој рѓа што плочките го отстрануваат во текот на првите неколку сопирања.
-
Нови сопирачки: На новите плочки и дискови им е потребно време за да „лежат“ (во текот на првите неколку стотина километри).
-
Електрични автомобили: Кај електричните возила механичките сопирачки поретко се користат поради регенеративното сопирање, па побрзо се насобираат рѓа и наслаги што создаваат звуци.
Кога МОРАТЕ право кај мајстор?
-
Стружење или брусење на метал: Знак дека плочките се целосно истрошени и дека металот струже директно во дискот, со што се ризикува оштетување на системот.
-
Вибрации и тресење: Укажува на рамномерно или нерамномерно истрошени, односно оштетени дискови.
-
Занесување на возилото: Ако автомобилот при сопирање забележливо влече на една страна.
-
Намалена моќност на сопирање: Секаква ненадејна промена на педалата за сопирање бара итен преглед од стручњак.