ABT RS7-S

Уште една подобрена, со поатрактивна – подинамична ства, се разбира и со засилена моќност и подобрени перформанси и уживање во вoзењето, верзија на Audi RS7 Sportback пристигнува од тјунинг компанијата ABT Sportsline, овде во RS7-S издание…

Накратко, во пакетот имаме aero body kit од јаглеродни влакна (меѓу другото, преден спојлер, странични прегради, заден дифузер, како и заден спојлер) потоа изменета суспензија, подобрено управување, спортски издувен систем од нерѓосувачки челик.

Комплетното надворешно дотерување е заокружено со 22- инчни алуминиумски тркала ABT.

Ентузијазмот и префинетоста се гледа и во префинетиот ентериер (спортски волан опшиен со алкантара, детали од карбонски влакна, патосници, прагови на вратите…).

ABT Sportsline, исто така, го засили моќниот бензински агрегат со работен волумен од 4,0 литари во изведба со осѕм (8) цилиндри поставени во форма на латинската буква V, во twin – turbo технологија на 720 КС и 950 Nm максимален вртежен момент.

Цената на овој ABT пакет започнува од 48.990 евра.

 





НАЈНОВИ