Се продава уникатен, но и најчудниот BMW M6 и тоа на Балканот!

Еден сопственик на BMW Series 6 од Бугарија на eBay го понудил својот миленик, BMW М6 од 2007 година, кој, според достапните информации, самиот го модифицирал до целосна непрепознатливост…

Во светот на тјунинг, ова се нарекува „екстремно подесување“. Тие два збора секако одговараат на оваа портокалова креација, бидејќи веќе не можете да заклучите дека всушност се работи за купе М6 на BMW, ниту на прв ниту на некој следен поглед, пренесуваат информативните агенции.

Во огласот се вели дека тоа е уникатно ремек-дело со моќ од 507 КС, со посебен изглед и боја.

Сопственикот додаде и опис кој вели дека овој 17-годишен автомобил има нов 5.0 литарски V10 атмосферски S85 и рачен менувач, како и целосна историја на сервисирање.

Името на овој проект кој траеше четири години е „Citrine“, а го осмислија Тодор Начев и Пламен Банов.

Интересна е и бараната цена. Продавачот за тоа тјунерско дело бара 460.000 американски долари, но наведува и дека е подготвен да преговара за пониска цена …





НАЈНОВИ