AC Schnitzer сега се приклучи на серијата тјунери кои го модифицираа BMW XM како што се куќите за тјунинг (преработка и модифкација): Renegade Design, Larte Design, Mansory, Manhart)…
AC Schnitzer обезбеди aero bodu kit за новиот адут на баварците, за XM (преден спојлер, заден спојлер на покривот, дотеран заден дифузер…), а има и тркала со големини од 23 инчи, гуми со димензии 295/35 ZR23 и 335/30 ZR23, потоа ознаки AC Schnitzer, црвен дебеломер на сопирачките, изменета суспензија (возилото е пониско за 25 mm), како и префинет ентериер според желбата на клиентот (со употреба на алуминиумски и карбонски влакна).
AC Schnitzer понуди и комплет за зајакнување на хибридниот погонски агрегат на XM со V8 мотор, па наместо моќност од 644 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, сега оваа модификација има на располагање моќност од 740 КС и 900 Nm вртежен момент.