Наскоро обновениот Hyundai Santa Cruz

Автомобилскиот гигант од Јужна Кореја – Hyundai ќе го искористи претстојниот автосалон во Њујорк за да ја промовира ажурираната верзија на пик-ап моделот Santa Cruz…

Како што е наведено, моделот Santa Cruz 2025 година е облечен со свеж стил и „подобрени способности“, а најавата за ова унапредување е придружена со две тизер слики.

Сите детали се уште не се познати, но во најавата на Hyundai се споменува реновиран ентериер со подобра ергономија и нов информативно забавен систем.

Исто така, се очекуваат повеќе стандардни системи за помош на возачот  во управувањето.

Секако, надворешноста исто така ќе биде модифицирана, во согласност со моменталната дизајнерска насока во која се движи Hyundai.

Во понудата повторно ќе биде и верзијата на Santa Cruz со XRT ниво на опрема, која вклучува дополнителни заштитни елементи, како и странични скали и облоги на вратите.

Механиката останува иста, што значи дека погонската единица и овој пат е 2,5-литарски со четири цилиндри турбо бензински мотор, што располага со моќ од 281 КС.

Погонската единица доажа, во комбинација со осум (8) степен менувач со двојна спојка, какои погон на сите четири тркала.





НАЈНОВИ