Opel Astra Mild Hybrid

Opel додава благ (mild) хибриден погон во гамата на Astra, проширувајќи ја линијата на компактни модели со постоечки бензински, plug-in хибридни и целосно електрични опции…

И хечбек (hatckback) и караван (Sports Tourer) верзиите на Astra имаат 1,2-литарски турбо -бензински мотор, што. потсетуваме, неодамна е надграден со систем од 48 волти.

Според компанијата, додавањето на блага хибридна технологија ги намалува емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво за 14 отсто во споредба со не електрифицираните  погонски единици на 1,2-литарски турбо – бензинска верзии, што доаѓа во комбинација со осум (8) степен автоматски менувач на брзини.

Моторот со внатрешно согорување има моќност од 100 kW/136 КС и 230 Nm максимален вртежен момент, додека електромоторот, кој е интегриран во шестстепен автоматски менувач со двојна спојка, има  моќност од 21 kW/29 КС и 55 Nm максимален вртежен момент.

За време на сопирањето, е-моторот полни мала литиум-јонска батерија со капацитет од 48 V која е поставена под левото предно седиште за да не го загрози просторот во багажникот.

Исто така од Opel пристига и потврдата дека благиот хибриден систем е доволно силен за Astra да работи во чисто електричен режим до 50 проценти од времето на експлоатација во урбани средини.

Како резултат на тоа, емисиите на CO2 во комбинираниот циклус WLTP се 113 g/100 km за хечбекот и 115 g/100 km за Sports Tourer.

Бројките за потрошувачката на гориво се намалени на 5,0 l/100 km или 5,1 l/100 km за караванот.

И перформансите на оваа верзија на Astra се за респект: Така, од 0 до 100 km/h забрзува за 9 секунди, додека максималната брзина е 210 km/h.

Во внатрешноста, 10-инчната дигитална инструмент табла има нова графика која го прикажува протокот на моќност, а бројките стануваат сини кога моторот со согорување е во мирување.

Нарачките во Европа веќе започнаа, а цените на пазарот во Германија почнуваат од 36.430 европски банкноти.





НАЈНОВИ