Alfa Romeo 33 Stradale Blu Reale

Од Alfa Romeo деновиве објавија нови фотографии од супер спортскиот автомобил 33 Stradale, чија премиера, инаку, беше во август минатата 2023 година и е пласиран во лимитирано издание наменето за само 33 среќни сопственици…

Новите слики го прикажуваат автомобилот во Blu Reale боја, со блескави црни детали, нов комплет на тркала, како и внатрешност обложена со црна алкантара и црвени акценти, што допринесува за впечатлив изглед на автомобилот .

Тука треба да се потенцира и дека конкретната посебна нијанса на сино на каросеријата беше достапна и на моделот Alfa Romeo 33 од 1967 година, а од истиот постои само еден примерок, наводно во рацете на швајцарски колекционер кој го реставрирал во 2020 година.

Новиот Alfa Romeo 33 Stradale инаку може да биде опремен со V6 twin-турбо мотор кој испорачува моќ од повеќе од 620 коњски сили, a истиот е во комбинација со осум (8) степен DCT менувач на брзини, како и со погон на задните тркала заедно со електронски диференцијал со ограничено прлизнување.

Опционалната BEV конфигурација испорачува моќ од повеќе од 750 коњски сили со опсег на WLTP од 450 km, со едно полнење на пакетот на батери.

Перформансите се извонредни и во двете верзии.

Максималната брзина е 333 km/h, со време на забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од три секунди.





НАЈНОВИ