Мате Римац вели дека 0-100 km/h во една секунда е „можно“, но има „јадец“…

Извршниот директор на Bugatti-Rimaca вели дека тврдењето на Tesla од 0-100km/h (тоа е 96km/h) за помалку од една секунда е можно, но бара огромни нивоа на моќ и многу мала тежина…

Од друга страна, извршниот директор на Tesla и мајстор за убедување, Илон Маск (Elon Musk), даде радикално тврдење претходно оваа недела за Tesla Roadster, велејќи дека компанијата цели на 0-100 km/h време помалку од една секунда. Иако многумина во меѓувреме го отфрлија тоа тврдење, Мате Римац не го демантираше целосно …

На прашањето дали мисли дека тврдењето под една секунда е изводливо, Римац изненадувачки одговори потврдно. „Можно е, но…“, додава тој во коментар на Facebook, – „Направивме симулација“.

Проблемот е што го испуштате воздухот за две до три секунди и тогаш имате многу мртва тежина што ја носите“, продолжува Римац. „Исто е и со вентилаторите – тие само ви даваат повеќе тракција (лепење за подлогата), но ви треба нешто како 30.000 Nm на тркалата за да постигнете 0-100 km/h под една секунда, што значи дека ви требаат масивни мотори, конвертори, менувачи, погонски вратила, итака натаму….“

Римац, исто така, забележува дека автомобилот мора да биде „супер лесен“, што обично не е норма за автомобилите на батерии.

Дури и неговиот хипер автомобил Rimac Nevera — кој достигнува 100 km/h за помалку од 2,0 секунди — тежи над 2.100 kg.

„Значи, погоните се навистина единствениот начин“, вели тој. Но, тие исто така носат и многу негативни страни“.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, предложи во 2018 година дека Roadster ќе има „10 мали ракетни погонувачи беспрекорно распоредени околу автомобилот“.

Ќе треба да почекаме и да видиме дали ќе се остварат тврдењата на Илон.

Новиот Tesla Roadster, наводно, ќе треба да дебитира кон крајот на оваа 2024 година.





НАЈНОВИ