Opel Corsa Hybrid

Opel го проширува опсегот на погонски единици за Corsa…

Малиот автомобил од Риселсхајм сега е достапен како хибрид со 48-волтна технологија.

Погонскиот систем вклучува литиум-јонска батерија која автоматски се полни под одредени услови на возење, како и нови 1,2-литарски бензински мотори. Toa сe турбо мотори со три цилиндри со моќ од 74 kW/100 КС и  од 100 kW/136 КС, кои доаѓаат во комбинација со нов шест (6) степен менувач со двојна спојка и електричен мотор од 21 kW/28 КС.

Во споредба со конвенционалната Corsa, Opel ветува околу 18 проценти помала потрошувачка на гориво.

„Новата Corsa Hybrid овозможува секојдневна, економична забава во возењето со чувство на одговорност – едноставна, ефикасна и електрифицирана“, вели Патрик Дингер (Patrick Dinger), шеф на марката Opel во Германија.

„Со воведувањето на 48-волтна хибридна технологија, Opel нуди практична, некомплицирана алтернатива за заштеда на гориво без клиентите да мора да се навикнат на неа. Новата Corsa Hybrid, која може да се нарача сега, го надополнува широкото портфолио на погонски агрегати и е уште еден важен градежен блок во нашата стратегија за електрификација“.

Технологијата ги покажува своите предности во градскиот сообраќај. Е-погонот го поддржува бензинскиот мотор, особено при забрзување.

При мали брзини, електричниот мотор овозможува и целосно електрично патување, што сепак е лимитирано на кратки патеки, односно некаде до еден километар.

Внатре во Corsa Hybrid има дигитален информативен екран за возачот, а истиот ги прикажува сите важни информации со дополнителни хибридни специфики.

И на крајот, а во контекст на веста ќе ја наведеме и информацијата дека почетната цена на Corsa Hybrid на пазарот во Германија изнесува 26.100 европски банкноти





НАЈНОВИ