Arcfox Alpha S5

Arcfox (подбренд на кинеската компанија BAIC) го најавува новиот електричен седан Alpha S5, со кој меѓу другото планира да му конкурира на BYD Seal…

Автомобилот е долг 4820 mm, широк 1930 mm и висок 1480 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2900 mm.

Тркалата се со големини од18 или од 19 инчи, а во зависност од верзијата ќе биде достапен и контрастен, сјаен црн покрив.

Засега нема фабрички слики од внатрешноста, но се најавуваат голем централен екран, head-up дисплеј и волан со рамно дно.

Arcfox Alpha S5 ќе се нуди со еден мотор и со погон на предните тркала со 200 kW/272 КС, како и верзија со два мотори која исто така ќе има дополнителен мотор од плус 190 kW/258 КС.

Цените во Кина би требало да започнуваат од околу 200.000 кинески јуани (25.440 евра).





НАЈНОВИ