FORD плаќа 365 милиони долари за подмирување на американските царини

Американскиот автомобилски гигант Ford ќе плати 365 милиони долари (334 милиони евра) за решавање на граѓанска тужба поврзана со наводна измама за увоз на возила, објавија американските власти…

Ford, кој ја негира вината, наводно ги увезувал товарните комбиња како патнички возила за да избегне да плати повисоки давачки.

Според француската агенција АFP, Ford наводно извршил измама во периодот од 2009 до 2013 година. Потоа, наводно, избегнал да плати повисоки давачки за 163.000 комерцијални возила „Transit Connect“ увезени од Турција со тоа што ги пријавил како патнички возила, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Министерството тврди дека автомобилскиот гигант вградил лажни задни седишта и други привремени елементи во возилата за комбињата да изгледаат како патнички возила.

Сепак, привремените задни седишта, се вели во соопштението, никогаш не биле наменети и користени за превоз на патници, бидејќи Ford наводно ги отстранил седиштата по царинењето, враќајќи го возилото на првобитниот изглед на товарното комбе со две седишта.

Наводната измама и овозможила на компанијата да плати увозна давачка од 2,5 отсто, наместо 25 отсто.

Ford со години се обидуваше на суд да докаже дека задните седишта се оригинални.

FILE PHOTO: U.S. dollar banknotes are seen in this photo illustration taken February 12, 2018. REUTERS/Jose Luis Gonzalez/Illustration/File Photo

Сега двете страни постигнаа договор, а во спогодбата стои дека Ford нема да ја признае вината, а договорот ќе ги избегне одложувањата, неизвесностите, непријатностите и трошоците на долгиот судски спор.

Исплатата од 365 милиони долари вклучува речиси 184 милиони американски долари поврат на неплатени царински такси, додека останатите 181 милион се казни, според спогодбата, пренесува AFP.





НАЈНОВИ