Audi TT добива електричен наследник

Според британските медиуми, Audi е во „интензивна концепт фаза“ за електричниот наследник на TT..

Во Инглоштад експериментираале со различни силуети и саундтракови бидејќи планира замена за популарното спортско купе, кое беше пензионирано минатата година.

Новиот електричен автомобил, кој треба да биде претставен „во рок од пет или 10 години“, ќе носи различно име од TT, но ќе зазема слична позиција во гамата на германската фирма.

Портпаролот на Audi за технички развој, Даниел Шустер (Daniel Schuster), изјави за Autocar: „Ќе земеме празен лист хартија за да видиме која е вистинската „икона“.

„Не е само да гледаме што имаме сега и да кажеме „би било добро да е електрично“. Тоа навистина е она што би било одлично дополнување на опсегот“.

Шустер рече дека е важно Audi да продолжи да прави разлика помеѓу обичните и RS автомобилите, но додаде дека „иконата на врвот“ мора да се построи (нареди).

Ролф Мичл (Rolf Michl), извршен директор на Audi Sport, рече дека развојот на наследник е „голема работа“ за компанијата бидејќи „не сака да ги изгуби постоечките клиенти“.

Тој додаде: „Не би се фокусирал само на големини, концепти, дизајни. Треба да имате основно портфолио кое треба да биде многу добро подредено. И тогаш автомобилот мора да се вклопи во ова портфолио и марката Audi. Ова е прилично уникатна работа“.

Шустер не откри како би можел да изгледа новиот автомобил, но вети дека „нема да биде само замена“ за ТТ.

Покрај тоа тој рекол дека пристапот на Audi нема да биде „извадете го моторот, ставете електричен мотор и имате електричен ТТ“. Во тој контекст Шустер се надоврза: „Ќе биде поинаку, но емотивно“.

 





НАЈНОВИ