Автомобилите на Volvo, Mercedes и BMW поминуваат најмногу километри

Барем така велат резултатите на истражувањето направено во CarVertical  студијата…

Според студијата на CarVertical за пазарот на половни автомобили, автомобилите на Volvo, Mercedes и BMW во просек имаат најголема километража. Ова е во просек повеќе од 260.000 километри. Интересно е тоа што сопствениците на автомобили на марката Nissan во просек возат најмалку километри.

Новото истражување, спроведено од CarVertical на крајот на минатата 2023  година на пазарот во Источна Европа со акцент на романскиот пазар, открива кои се марките со просечна километража на пазарот на половни автомобили. Студијата покажува дека Volvo, Mercedes и BMW се брендовите чии автомобили во просек имаат најголема километража.

Ова не е особено изненадувачки, бидејќи овие марки произведуваат автомобили што се претставници од висока класа и наменети за возење на долги релации.

Половни автомобили произведени пред 15 години

Меѓу автомобилите со стандардот Euro 4, произведени пред 15 години, кои се проверени на оваа онлајн платформа, автомобилите на Volvo се шампиони во овој поглед со просечна километража од 260.471 километри.

По шведската марка следат автомобилите на Mercedes со просечна километража од 233.787 километри, а BMW е веднаш зад нив, односно на третото место, со просечна километража од 233.518 километри.

Ако во истата возрасна категорија ги погледнеме марките на автомобили со најмала километража во просек, Nissan е на прво место со 164.431 изминати километри.

По јапонската марка следат францускиот бренд Peugeot (171.401 km) и германскиот  Opel (174.154 km).

Половни автомобили од 10 години

Во категоријата возила стари 10 години, во рангирањето на долги растојанија водат автомобилите со марката Škoda со просечна километража од 208.617 километри.

Зад автомобилите на чешката марка повторно следат Volvo (208.428 km) и Mercedes (198.383 km).

На спротивната страна, за автомобилите произведени во 2013 година, Nissan повторно е производител со најмалку поминати километри во просек (139.083 km), по што следат американската марка Ford (157.394 km) и Toyota (160.384 km).

Половни автомобили на возраст од 5 години

Во најмладата категорија половни автомобили, стари пет години со стандардот Euro 6, првото место со најголема километража го зазема Peugeot со просечни 136.960 километри.

На второ место е Škoda, чии креации на четири тркала „газат“ просечна километража од 136.666 km, а на трето место се автомобилите со значката Opel (127.859 km).

Конечно, што се однесува до автомобилите произведени во 2018 година, Nissan е производителот чии автомобили, повторно, поминуваат најмала километража во проектот (75.749 km).

Зад реномираниот јапонски производител на автмобили е позиционирана уште една марка од Земјата на изгреј – сонцето – Toyotas (77.083 km) и трета марка е  Volvo (87.999 km).

Oвие резултати се статистички податоци а статистиката е накука, велат познавачите, што често потврдува тоа што стражувачот сака да биде потврдено!

 

 

Претходна
Следна




НАЈНОВИ