BYD Sea Lion 07

По пред продукцискиот модел Sea Lion 07, од BYD сега ја покажаа и својата сериска верзија која наскоро ќе стартува на кинескиот пазар….

Sea Lion 07 е електричен fastback-SUV модел, со средна големина, со пет седишта, а ќе се нуди во неколку верзии.

Долг е 4830 mm, широк 1925 mm, висок 1620 mm, со растојание помеѓу оските  од 2930 mm и тркала со големини од 19 или од 20 инчи.

Засега нема информации за капацитетот на батеријата, но се знае дека гамата ќе вклучува верзии со моќ од 170 kW/231 КС и 230 kW/313 КС, како и варијанта со два електромотори ( со вкупна моќност од 390 kW/530 КС) и погон на сите четири тркала .

Тежината на празното возило е од 2155 до 2330 kg, секако во зависност од верзијата.

Сеј очекува неговата цена да биде во опсег од 200.000 па се до 260.000 кинески јуани ( односно пресметано во европска валута од 25.770 до 33.500 евра).





НАЈНОВИ