И Volga се враќа

Откако го вратија Moskvich“ во живот на крајот на 2022 година, во Русија сега планираат да оживеат уште еден одамна прекинат бренд што имал богата традиција а бил добро познат и на овие простори…

Имено, од Wards Auto известуваат дека рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров го потврдил враќањето на Volga, која била активна од 1956 до 2010 година.

Како што објави Motor1, планот е партнерство со друг производител на автомобили за да се забрза развојот.

Сепак, матичната компанија на Volga – GAZ Групацијата очигледно не успеа да најде партнер.

Ова не е изненадување кога ќе видите како најважните компании ја напуштија Русија по почетокот на војната во Украина.

Целта е Volga да се направи премиум бренд, но руските аналитичари се загрижени дека соработката со кинеските производители на автомобили ќе го попречи предложениот имиџ на автомобилот на пазарот.

Сепак, првата модерна Volga би можела официјално да биде пуштена во продажба ова лето по цена од 28.000 американски долари и ќе ја користат официјалните лица на руските власти.

 





НАЈНОВИ