Bentley Bentayga S Black Edition

Од Bentley Motors го најавија визуелно нај впечатливиот SUV на компанијата што кога и да е се појавил, Bentayga S Black Edition…

Автомобилот комбинира елементи во живи бои, црни детали и технологија на шасија која инспирира доверба, надополнета со  елеганција, луксуз и моќ.

Клиентите можат да изберат од седум бои Mandarin, Signal Yellow, Klein Blue, Pillar Box Red, Ice, Hyper Green и Beluga.

Секоја од боите носи атрактивен, но кохезивен дизајн и одвнатре и однадвор, во контраст со тајните црни третмани низ автомобилот.

Однадвор, акцентот е во форма на ласерска лента на пакетот Styling Specification под предниот браник и страничните прегради, како и преку горниот дел од задниот спојлер. Клиповите на сопирачките се обоени во портокалова боја, додека тркалата се со големини од 22 инчи и се во црна боја.

Деталите се во сјајно црно издание, вклучувајќи ја основата на логото на Bentley и буквите. Има и значка Black Edition лоцирана на задниот D-столб.

За Bentayga S Black Edition, дизајнерскиот тим на Bentley, исто така, создаде уникатна шема на бои во внатрешноста, донесувајќи совршен контраст помеѓу кожата на Beluga и светлите акцентни бои. Впечатливите акцентни бои на надворешноста се пренесуваат во кабината, со контрастни шевови и делови од кожната облога во акцентни бои. Секое седиште има црна значка „S“, а има и детали од јаглеродни влакна, ознака Black Edition и нов Dark Chrome Packet.

Постојат три аудио системи за избор, почнувајќи од Bentley Signature Audio системот. Bang & Olufsen го подига квалитетот на звукот на друго ниво, додека системот Naim for Bentley го претставува врвниот квалитет на звукот во автомобилите.

Динамичната природа на Bentayga S Black Edition е подобрена во секој од режимите на возење со електронско управување на сите тркала

Според фабриката, под хаубата се наоѓа 4,0-литарски V8 мотор со двојни турбо полнач, кој комбинира огромна моќност со импресивна економичност на горивото. Моторот од најновата генерација развива моќност од 550 КС и 770 Nm максимален вртежен момент, а располага со забрзување од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди и максимална брзина од 290 km/h.

Овие перформанси се надополнети со опсег од 654 km и емисија на CO2 од 296 g/km.

Bentayga S Black Edition нуди зголемени способности преку подобрениот SPORT режим во споредба со стандардниот Bentayga, а стандардно е вклучен и спортски издувен систем.

Понудена е и хибридна верзија, а со комбинирана моќност од 456 КС, 3,0-литарски TFSI V6 бензински мотор и електричен мотор-генератор со моќ од 100 kW. Тие се одговорни за Bentayga S Hybrid Black Edition со перформанси: забрзување од 0 до 100 km/ h за само 5,3 секунди, како и со максимална брзина од 254 km/h.





НАЈНОВИ