BMW нема да понуди pick-up

BMW посочи дека е отворен за лансирање на поцврст, по робустен SUV модел  поради зголемената побарувачка за такви возила, но сè уште нема планови за пикап (pick up) модел…

Баварците претходно си поиграа со идејата за пикап и изградија неколку прототипови, вклучувајќи го и pick up моделот X7 од 2019 година (може да се види на сликите со кои е опремена информацијава).

Меѓутоа, за време на неодамнешното интервју за Блогот на BMW (BMW Blog), постариот потпретседател за управување со брендови и производи на BMW, Бернд Корбер (Bernd Körber), рече дека пикап моделот не одговара на статусот и симболиката што ја носи и означува брендот.

„Во принцип, би рекол дека за бренд како BMW да се диференцира, да прави автомобили што се автомобили од соништата и навистина да ја изразат суштината на BMW, потребни ни се модели.

Затоа многу повеќе би им одговарал робустен SUV модел. Körber рече дека брендот ја препознава растечката популарност на моделите како Toyota Land Cruiser и Land Rover Defender и забележува дека постои глобална побарувачка за овие возила.

„Робусноста е интересен тренд бидејќи од американски, јужноафрикански и австралиски феномен се претвори во глобален феномен“, се надоврзал во излагањето Корбер.

Иако тој не даде никакви навестувања за тоа на кое возило би можело да се заснова цврстиот SUV модел на BMW, а и Блогот на BMW смета дека X3 и X5 би биле соодветни кандидати.

 





НАЈНОВИ