BMW нуди попуст за клиентите на Tesla кои ќе го купат нивен електричен модел

BMW нуди попуст од 1.000 долари на сите свои електрични модели на сопствениците на Teslas и други избрани електрични модели…

Како што дознава Cars Direct, германскиот производител ја лансира програмата BEV Conquest за 2024 година, која нуди попуст за купувачите на моделите i4, i5, i7 или iX.

Единствениот услов е веќе да возите Tesla или друг електричен модел на конкуренцијата, како што се Lucid, Audi, Mercedes, Rivian, Porsche и Polestar, пренесуваат светските информативни агенции.

Според некои американски медиуми, BMW ќе додели бонус од 1.000 американски долари и на сопствениците на два модели надвор од премиум гамата, а тоа се Ford Mustang Mach-E и Volkswagen ID.4.

Покрај постоечкиот бонус, има враќање на готовина од 4.000 долари во одредени региони за BMW i5 и 7.500 долари за закуп за i4. BMW i4 може да се купи со попуст од 8.500 долари од почетната малопродажна цена од 52.200 долари.

Од друга страна, iX е достапен со готовински закуп од 9.900 долари, така што сопствениците можат да заштедат 10.900 долари од прилично големата почетна цена од 87.000 долари.

Да потсетиме, BMW минатата година продаде 45.000 електрични автомобили само на пазарите во  Америка, што е раст од 191 отсто во однос на годината пред тоа (2022 година).

Понатамошен раст се очекува оваа година, а ова е очигледно еден од начините на кои тие имаат намера да го постигнат.

 





НАЈНОВИ