TechArt GTstreet R Touring

TechArt GTstreet R Touring е базиран на Porsche 911 Turbo S, а најавена е серија од само 25 примероци со што уште повеќе се потенцира ексклузивноста на моделот…

Фокусот на инженерите за време на развојот беше аеродинамиката, суспензијата и тежината – масата на автомобилот.

Во однос на аеродинамиката, има нови функции како преден сплитер од јаглеродни влакна, отвори на предните браници, продолжетоци на лакот на тркалата и задно крило.

Експертите од Techart додадоа подобрена суспензија Ohlins прилагодлива во висина, поширока патека на тркалата (+ 30 mm напред), 20-инчни и 21-инчни тркала Formula VI и пакет за засилување на моторот Stage 2.

За внатрешноста се предвидени кожа, алкантара, карбонски влакна, алуминиум и префинет спортски волан.

Моторот е со работен волумен од 3,8-литри, со twin-турбо технологија што испорачува моќност од 800 КС и 950 максимален вртежен момент. И перформансите се соодветни на надградбите и засилувањата од TechArt. Така, забрзувањето од 0 до 100 км/ч е  за 2,5 секунди,  автомобилот стигнува од место, до 200 км/ч за 7,5 секунди и има максимална брзина поголема од 350 км/ч. ч.

Исто така, во понудата ќе биде и послаба верзија со моќност од 710 КС и 900 Nm максимален вртежен момент.

Испораките се закажани за мај тековнава 2024 година, а цената на пакетот за модификација е 98.250 евра (се разбира тоа е сумата без давачките кои се различни од земја до земја).





НАЈНОВИ