BMW во големи проблеми

Германската Федерална управа за моторни возила KBA откри нелегални уреди за намалување на ефикасноста на чистењето на издувните гасови во некои дизел автомобили ВMW, пренесува германската агенција dpa…

Според компанијата, тоа треба да се автомобили произведени помеѓу 2010 и 2014 година.

Според процените на BMW, откритието на германскиот регулатор влијае на околу 33.000 модели X3 само во Германија.

Тие велат дека има меѓу 100.000 и 150.000 вакви автомобили низ Европа.

Според КБА, BMW соработува со надлежните и веќе достави голем број мерки за ажурирање на хардверот и софтверот.

Рециркулацијата на издувните гасови е намалена кај возилата со нелегална технологија инсталирана кога климата е вклучена, објаснуваат од КBА. Дополнително, намалувањето функционира и кога надворешните температури се во границите на нормалното функционирање на возилото, што значи дека според пресудите на Судот на ЕУ тие не се дозволени, посочуваат од КBА.

BMW вели дека ги разгледува своите опции. Според компанијата, контролната единица на моторот што се користи за чистење на издувните гасови ги исполнува законските барања.

„Сепак, компанијата препознава потенцијален проблем со издржливоста на одредени компоненти на системот за чистење на издувните гасови во хардверот на предметниот модел на возилото“, велат од BMW.

Според пресудите на Судот на ЕУ, повторно се разговара за барањата за дизел возилата, соопштуваат од компанијата, истакнувајќи дека некои стандарди сега се применуваат ретроактивно за технологии стари до 15 години, пренесува dpa.

 





НАЈНОВИ