Болидот на McLaren MCL38 за новата сезона во Формула 1

Тимот на McLaren денеска во Силверстон го претстави новиот болид MCL38 кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во Формула 1…

Болидот што оваа сезона ќе го возат возачите на McLarenЛандо Норис и Оскар Пјастре е портокалово-црн како и ланскиот.

– Тимот е возбуден што денеска ќе го претстави MCL38 и за првпат ќе го видиме на патеката – изјави шефот на McLaren, Андреа Стела, пренесе Skyј.

McLaren имаше лош почеток на сезоната минатата година, но продолжи да ги подобрува перформансите и резултатите на болидот и беше постојан противник на Red Bull на неколку трки, кои доминантно ја освоија титулата во конкуренција на конструктори и возачи.

– Со влегување во оваа година сакаме да продолжиме со успесите од минатата сезона, но знаеме дека секој тим ќе напредува и ќе најде конкурентност за своите болиди за новата сезона – изјави Стела.

McLaren заврши на четвртото место во шампионатот за конструктори минатата година.

– Сега имаме сè на место од перспектива на инфраструктурата, луѓето и културата, така што продолжуваме да одиме напред и да градиме понатамошен успех на веќе завршената работа за да се вратиме на фронтот – рече првиот човек на McLaren.

Пред сезонските тестирања ќе се одржат од 21 до 23 февруари во Бахреин, а новата сезона ќе започне на 2 март со Големата награда на Бахреин.





НАЈНОВИ