Mercedes го претстави болидот W15 за новата сезона во Ф1

Тимот на Mercedes денo во Силверстоун го претстави новиот болид „W15“ со кој ќе учествува во овогодинешниот шампионат во Формула 1, пренесува Sky Sports…

Минатата сезона Mercedes заврши на второто место во генералниот поредок кај конструкторите со 409 бодови. За тимот на Mercedes оваа година ќе возат Луис Хамилтон, кој на крајот од сезоната се сели во Ферари и Џорџ Расел.

Минатата сезона Хамилтон беше трет во генералниот пласман на возачи со 234 бодови, додека Расел се најде на осмата позиција со 175 поени.

Mercedes во текот на денот го тестираше новиот болид на патеката Силверстоун. Во соопштението на Mercedes се наведува дека новиот автомобил „W15“ е изграден врз искуството од претходните две сезони.

– Фокусот беше и на поправање на непредвидливата задна оска од претходниот болид. Тимот работеше напорно за да се осигура дека двете оски, особено задната, имаат подобра контрола над гумите отколку што беше случајот со W14 – се вели во соопштението на Mercedes.

Британските медиуми истакнуваат дека тимот го променил дизајнот и со традиционалната сребрена боја на Mercedes на носот на болидот, заедно со зелената боја на спонзорот на црна основа.





НАЈНОВИ