Brabus Rocket 1000

Тјунерската куќа позната по преработки на моделите на Mercedes понуди уште едно свое ремек дело за вистинските поклоници на уживањето во перформансите и возењето…

* Основата беше Mercedes-AMG GT 63 S E Performance, при што моќноста на хибридниот погонски систем (V8 бензин + електричен мотор) беше зголемена на 736 kW/1000 КС и 1820 Nm максимален вртежен момент (иако електричниот е ограничен на 1620 Nm).

* Нови турбо полначи, репрограмирана единица ECU, спортски издувен систем од нерѓосувачки челик се одговорни за ова…

* Забрзувањето до 100 km/h сега трае само 2,6 секунди, автомобилот достигнува 200 km/h за 9,7 секунди и може да достигне максимална брзина од 316 km/h

* Пакетот исто така вклучува комплет од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, проширени калниците, странични преагови, заден дифузер, заден спојлер), решетка со логото Brabus, тркала Brabus Monoblock P од 21 и 22 инчи, спортски издувен систем, за 20 mm пониска суспензија, како и префинета внатрешност (црна кожа, педали на Brabus, детали од карбонски влакна, прагови на вратите со осветлување)

* Предвидена е ограничена серија од само 25 примероци, а цените почнуваат од 450.000 евра.





НАЈНОВИ