Brabus Smart #1

Германски Brabus подготви долга листа на опции за електричниот Smart #1, вклучувајќи елементи за надворешноста, внатрешноста и модификацијата на суспензијата…

Програмата за индивидуализација на познатата тјунинг куќа од Германија – Brabus за Smart број 1 започнува со аеро-пакет (aero body kit) направен од високо квалитетен полиуретан.

Поизразен сплитер е комбиниран со дотеран браник, при што компанијата тврди дека промените „значително го намалуваат подигањето на предната оска при големи брзини“.

Има и поголем заден спојлер на покривот, нов заден дифузор, тркала од 19 до 21 инчи (вторите се Platinum Edition), како и комплет нови спортски пружини (така што автомобилот е 35 mm поблиску до асфалтот).

Внатрешноста има осветлени прагови со логото на Brabus, алуминиумски педали, како и црни велурни патосници со црвени детали кои одговараат на акцентите во останатиот дел од внатрешноста.

Понудата не вклучува никакво зголемување на моќта, односно на  подобрување на перформансите, бидејќи стандардниот електричен погон е веќе доволно моќен.

Имено, двата електромотори имаат комбинирана моќност од 315 kW/428 КС и 543 Nm максимален вртежен момент, доволно за забрзување од 0, до 100 km/h за 3,9 секунди.

Исто така возилото има батерија со капацитет од 66 kWh, додека досегот е 400 km.

Како што се очекуваше, Brabus подоцна ќе понуди слични производи за Smart #3 и за Smart #5 моделите.

 





НАЈНОВИ