Научниците ја осудуваат промоцијата на возилата со водород од Toyota на ОИ 2024

Водородните возила ја одложуваат енергетската транзиција и Toyota не треба да ги промовира за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз, проценуваат околу 100 научници во отворено писмо…

Околу 500 возила Toyota Mirai на водород ќе бидат промовирани за време на претстојната Олимпијада, што ќе се одржи во престолнината на Франција, а истите ќе служат како такси кон крајот на Игрите.

Исто така околу 10 автобуси со погон на водород ќе превезуваат спортисти на игрите.

„Промоцијата на автомобили со водород е научно во спротивност со глобалните цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и ќе го наруши имиџот на Олимпијадата“, предупредуваат научниците во отвореното писмо до Меѓународниот олимписки комитет.

„ Toyota веќе долго време промовира водород, но тие само сакаат да ја одложат транзицијата кон електрични возила“, изјави за АFP Дејвид Себон (David Sabon), професор по машинско инженерство на Универзитетот во Кембриџ.

Според него, тоа е многу цинична стратегија за одложување на една од најмоќните компании во светот.

Светскиот производител на автомобили број 1, Тoyotа е далеку зад развојот на електрични автомобили, претпочитајќи ги хибридни модели, каде што има постигнато врвни резултати.

Исто така, таа е една од ретките брендови во светот, заедно со BMW и Hyundai, кои произведуваат возила со погон на водород, ценети поради нивната автономија и брзо полнење.

За научниците, кои се потпираат на работата на Меѓувладиниот панел за климатски промени, електричните возила сè уште претставуваат „нај ефективниот начин за дe карбонизирање на сообраќајот“.

Потписниците на отвореното писмо бараат од Тoyotа да ги замени своите олимписки возила на водород со електрични возила.

На крајот на оваа информација ќе го наведеме и податокот дека Олимписките Игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.





НАЈНОВИ