Bugatti Chiron La Mer Argentee

Кога станува збор за работи кои блескаат, малкумина ја имаат привлечноста на овој неверојатен Bugatti Chiron од 2017 година.

Сепак, она што го прави ова особено посебно уште повеќе интригантно оди многу подалеку од надворешниот сјај. Наречен La Mer Argentee, или Сребрено Море, од очигледни причини, овој модел за прв пат беше нарачан во април 2016 година и е првиот од трите автомобили Chiron што ќе бидат испорачани на нивните клиенти.

Сосема свесен од самиот почеток дека нарачува многу посебен автомобил, сопственикот на оваа специјална единица сепак сакал да ги зачини работите. Задниот дел од надворешноста е завршен во Nocturne тон, додека предниот дел на автомобилот е означен со Argent Metallic нијанса.

Покрај додавањето на оваа боја, има и карактеристична линија, капак на моторот, решетка на ладилникот во форма на потковица, исто така завршена во неверојатна Argent Metallic боја. Овој модел е еден од трите единици на Chiron кои го добиваат овој преден третман.

Внатре во патничката кабина е Beluga Black кожа со комфорни седишта во Italian Red боја, опција од 25.000 евра, а оваа комбинација се протега и до потпирачите за раце, што чини дополнителни 4.500 евра, се разбира. Оваа единица е опремен и со црвени клешти  на сопирачките, кои чинат дополнителни 3.000 евра.

Во текот на 2019 година, овој автомобил се врати во фабриката на Bugatti за дополнителна доработка, кога доби нов третман на Performance Package и поставување на суспензија од моделот Chiron Sport, полирани алуминиумски тркала и бришач од јаглеродни влакна, сето тоа за вртоглава цена од 125.000 евра.

 

Нешто подоцна, тој повторно се врати во Франција, каде што доби нова фолија со алуминиумски ефект, која му даде единствена рефлектирачка завршница (финиш).





НАЈНОВИ