Mazda Spirit Racing RS & Mazda Spirit Racing 3 Concept

Mazda привлекува внимание на саемот за тјунери во Токио со два концепти Spirit Racing базирани на roadster моделрот MX-5 и hatchback моделот Mazda 3…

Автомобилите ги задржаа стандардните погонски единици (за MX-5 се споменува 2,0-литарски бензински мотор), така што промените се однесуваат на аеро каросеријата (aero body kit) тркачките пруги, црните тркала (од 17 или 18 инчи), пошироката патека на тркалата, модифицирана суспензија и управување, подобрен систем за сопирање и внатрешност со седишта Recaro, спортски волан и Alcantara.

Сè е заокружено со црвени детали на капаците на ретровизорите, предниот браник и во внатрешноста.

Mazda Spirit Racing 3 Concept се одликува со поагресивен аеро комплет (aero body kit) кој се состои од голем преден спојлер, странични прегради и големо задно крило.

Mazda размислува да ги стави двата автомобили во сериско производство, при што компанијата изјави дека автомобилите се развиени врз основа на знаењето стекнато во тркачката серија Endurance, истакнувајќи дека RS е дизајниран да ги привлече не само постоечките сопственици на Miata, туку и оние кои се „малку побрзи“.





НАЈНОВИ